Утрински Весник
Свет

(Видео) Проектил паѓа над главата на Украинец додека снима видеопорака

(Видео) Проектил паѓа над главата на Украинец додека снима видеопорака

Руски проектил погодил зграда во Украина, а еден волонтер, кој преку видео барал помош го снимил моментот на ударот.

Руските напади врз украинските градови продолжуваат и днеска, на седмиот ден од инвазијата. Вчера руските војници влегоа во Херсон, а вечерва продолжуваат нападите врз Харков и предградијата на Киев.

Во текот на вечерта Житомир бил ракетиран, а ракетите, како што соопшти Украина, наместо во соседниот аеродром, погодиле куќи, при што загинале четири лица, меѓу кои и едно дете.

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег