Утрински Весник
Свет

(Видео) Повеќе куќи целосно изгореа во голем пожар во Сараево

(Видео) Повеќе куќи целосно изгореа во голем пожар во Сараево

Пожар во Сараево денеска уништи неколку куќи, пренесува порталот „Кликс“. Пожарот почнал да се шири рано утрово, оставајќи без покрив над главата околу 20 луѓе.

Според снимките направени од воздух може да се оцени дека штетата е огромна, бидејќи пожарот уништил речиси сè.

Покривите се целосно изгорени, а пожарникарите успеале да спречат огнот да се прошири понатаму кон соседните објекти во населбата.

За обемот на пожарот укажува и големиот облак чад што утрово се надвисна над Сараево.

На местото на пожарот пристигнаа и министри од владата на кантонот Сараево.

Можете да прочитате

Мадуро: Осум американски бродови со 1.200 ракети и подморница и се закануваат на Венецуела

Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија