Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пијани малолетници, лажни сертификати – акциска контрола на угостителски објекти во Тетово

(Видео) Пијани малолетници, лажни сертификати – акциска контрола на угостителски објекти во Тетово

Во текот на изминатата вечер полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти и едно казино во Тетово.

Притоа биле затекнати 11 малолетници во угостителски објекти по 24 часот, од кои осум малолетници конзумирале алкохол, а 14 биле затекнати без да поседуваат ковид сертификат.

Откриени биле три кривични дела од кои едно за употреба на лажен сертификат, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Филипче: Додека течат криминални тендери на народот му се сервира јавен линч врз опозицијата

ДУИ си игра пинг-понг со животите на граѓаните, велат од ВРЕДИ

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра