Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петрушевски: Новиот документ од Бугарија со понижувања за Македонија е резултатот на измеќарскиот менталитет на владата на Ковачевски

Бугарија најавува нови пишани документи со нови обврски за Македонија, а Ковачевски мува не го лази. Ковачевски никаде го нема да објасни каков документ се подготвува во Софија и што тоа значи за Македонија. Ковачевски, Маричиќ и Османи говореа дека нема да има нови пречки и понижувања за Македонија, а само после еден месец министерот за надворешни работи од Бугарија најавува документ со “систематски пристап и јасно запишани задачи и одговорности, за да може да се очекуваат и резултати“. Ова е ново понижување за Македонија. Ова е нов дебакл за македонската дипломатија, изјави на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и експертите предупредуваа на ова кога говореа дека Ковачевски и владата треба да бараат гаранции дека Бугарија нема да испорачува нови барања и услови за Македонија. Но Ковачевски и Владата со својот измеќарски менталитет ги прифатија уцените и диктатите и затоа ја доведоа евроинтеграцијата во позиција или вечно да се преговара или да се спроведува асимилација преку постојани нови услови и барања од официјална Софија.

Петрушевски истакна дека овој нов документ кој се подготвува во Софија и со кој ќе се обврзува Македонија ќе биде основата на која ќе се оценува спроведувањето на барањата на Бугарија. Затоа го повторуваме ставот дека ваквата преговарачка рамка мора да биде консултирана со граѓаните. Затоа владата наместо да се крие треба да се соочи со народот и да даде одговори и одговорност за тоа што ја доведе Македонија во потчинета состојба.

Оваа влада предводена од Ковачевски е продолжение на политиката на свиткана кичма на Заев. Оваа влада е најголемата штета по националните и државните интереси. Оваа влада стана најголемиот проблем и кочничар на Македонија. Оваа влада наместо да има јасен став и стратегија се води од болната амбиција и кариеризам на нејзините функционери кои граѓаните скапо ја плаќаат. Оваа влада мора да замине, изјави Петрушевски.

Можете да прочитате

Граѓанин до функционери на ВМРО-ДПМНЕ: За седум години пензијата ми порасна за 48%

(Видео)Пендаровски кон Давкова: Госпоѓо лажете

Маричиќ: Гласот за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните увидоа дека улогата на ЗНАМ е да се помогне на ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго