Утрински Весник
Свет

(Видео) Петмина загинати во Хрватска – ужас и паника на улиците

(Видео) Петмина загинати во Хрватска – ужас и паника на улиците

Уште две тела се пронајдени под урнатините, по силниот земјотрес во Хрватска. Со тоа, досега бројот на загинати изнесува пет. Првата жртва е 12-годишно девојче од местото Петриње, каде беше епицентарот на потресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала.

Додека новинар на „Ал Џазира“ известуваше од Петриње за земјотресот, следеше нов потрес, кој предизвика паника кај населението…Можеа да се слушнат викотници од луѓе кои бараат помош.

Силниот земјотрес беше почувствуван ширум Балканот и во Македонија.

По првиот следеше и втор земјотрес, кој беше послаб со интензитет од 4,5 степени.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руски напад врз Одеса, тројца загинати

Иран го нападна Јордан, а ИРГЦ ги повика Јорданци да ги отстранат американските бази

Трамп се откажа од планот за наплата за поминување низ Ормуска Теснина