Утрински Весник
Свет

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

Стотина пензионери протестираа денеска во Минск барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко.

Безбедносните сили во еден момент спречија продолжување на протестот опкружувајќи група пензионери, пренесува АП.

Групата за заштита на човековите права „Весна“ – (Пролет) навела дека најмалку девет лица се уапсени на денешните протести.

Пензионерите, кои традиционално протестираат в понеделник, неселе црвено-бели знамиња на опозицијата, симбол на опозициските демонстрации иницирани кон средината на август.

Носеле транспаренти со натпис „Не тепај ме, сине“ и „Бабите и дедовците ќе одат до победа“, а извикувале „Заминете, стаорци“, што се однесувало на Лукашенко, кој 26 години владее со државата.

Белорусија е погодена од политичка криза од претседателските избори на 9 август кога во земјата почнаа масовни антивладини протести, иницирани од официјалните резултати од гласањето, според кои Лукашенко освоил над 80 проценти од гласовите. Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите се украдени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Напаѓачот на Фицо призна вина

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков