Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски го пречека словенечкиот претседател Борут Пахор

(Видео) Пендаровски го пречека словенечкиот претседател Борут Пахор

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, со што започна неговата официјална дводневна посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Пахор, се одржува и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација, како и заедничка прес конференција.

Двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели се пријателските односи меѓу Северна Македонија и Словенија, справувањето со последиците од пандемијата на Ковид-19 и регионалните прашања.

Претседателот Пахор за време на посетата е придружуван од Здравко Почивалшек, заменик претседател на Владата и министер за економски развој и технологија, како и од Матеј Тонин, заменик претседател на Владата и министер за одбрана на Република Словенија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сончево и топло со температура до 36 степени

Нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата, на Блаце пренасочување на товарниот сообраќај

Повлекувани 4.295 денари на сите граѓани кои купувале онлајн преку маркетите за козметика “ДМ“ или лажна страна