Утрински Весник
Свет

Горбачов: Русија треба на дипломатски начин да спречи понатамошен конфликт меѓу САД и Кина

Горбачов: Русија треба на дипломатски начин да спречи понатамошен конфликт меѓу САД и Кина

Пандемијата доведе до влошување на односите меѓу САД и Кина, а Русија би требало дипломатски да спречи понатамошно продлабочување на овој конфликт, порача поранешниот советски лидер, Михаил Горбачов.

Тој за јапонскиот дневен весник „Асахи симбун“ рекол дека пандемијата го влошила конфликтот, кој настанал како резултат на зголемени тензии помеѓу САД и Кина и дека ниту едно сценарио за развој на тој конфликт не може да биде позитивен од позиција на меѓународната политика.

Поранешниот советски лидер вели дека Русија би било паметно како цел да си го постави спречувањето на продлабочувањето на конфликтот меѓу САД и Кина на дипломатски начин, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Односите мешу САД и Кина се влошија за време на последните неколку години поради царината.

Ситуацијата дополнително се влоши со обвинувањата од американскиот претседател Доналд Трамп, дека Пекинг доцна и на несоодветен начин реагирал на избивањето на пандемијата во Вухан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа