Утрински Весник
Македонија

(Видео) Османи: Даваме поддршка за членството во НАТО на Финска и Шведска

Северна Македонија силно ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и со тоа, аспирацијата на Шведска и Финска за членство во Алијансата. Ова го истакна македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи кој зборуваше пред почетокот на неформалниот министерски состанок на земјите членки на Северноатлантскиот пакт во Берлин.

Финска денеска објави дека ќе поднесе барање за членство во НАТО. Финскиот претседател Саули Ниинисте претходно изјави дека приклучувањето кон блокот несомнено ќе ја „зајакне“ националната безбедност на Финска.

Ако Хелсинки се приклучи на Алијансата, тоа ќе стави крај на повеќедецениската политика на неутралност во текот на која Финска имаше пријателски политички и економски односи и со западниот и со источниот блок за време на Студената војна. Русија смета дека ваквата одлука ќе им наштети на билатералните односи.

Можете да прочитате

Цеков: Нека објават ако сум добил тендер – веднаш ќе се повлечам

Цеков ја напушти ЗНАМ: „Ова не е партијата што ја ветивме“

Цеков: Селективна правда наместо борба против криминалот