Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Објавена снимка од моментот кога заробениците беа осудени на смрт

Img 7972

На социјалните мрежи се појави видео од изрекувањето на пресудата за смртна казна за тројцата воени заробеници на проруските сепаратисти – двајца Британци и еден Мароканец.

Британците Ејден Ајслин и Шон Пинер и Мароканецот Сааудин Брахим беа заробени во Мариупол во април.

На снимката се гледа како се зад решетки, облечени во црно. Додека судијата на меѓународно непризнатиот суд на проруските сепаратисти им ја чита пресудата, Британците стојат со наведнати глави. Мароканецот, пак, нервозно се сврте од едната на другата страна.

За потсетување, Русија е единствената земја во светот што ја призна независноста на самопрогласената Донечка Народна Република (ДНР), чиј суд ги осуди на смрт тројцата воени затвореници.

Според руската агенција РИА Новости, законите на таа парадржава пропишуваат смртната казна да се извршува со стрелање.

Можете да прочитате

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина

Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години