Утрински Весник
Свет

(Видео) Објавена нова снимка: Вода продира во гаражата пред да се урне зградата во Мајами

(Видео) Објавена нова снимка: Вода продира во гаражата пред да се урне зградата во Мајами

Американските медиуми објавија снимки на кои се гледа како продира вода во гаражата на зградата во Сурфсајд во близина на Мајами бич, само неколку минути пред да се сруши голем дел од зградата.

Според Еј-би-си њуз, видео снимено во близина на зградата само неколку минути пред да се сруши, покажува како вода продира низ таванот oд гаражата, а остатоци од градежен материјал се расфрлани пред објектот.

Видеото е снимено од Адријана Сармиенто, која за Еј-би-си њуз изјавила дека била на одмор со сопругот и дека пливала во базенот на блиската зграда кога слушнала силна бучава.

Излегла на улица за да провери за што станува збор и ја снимила водата што продира во гаражата и нешто што изгледало како остатоци од градежен материјал на улицата.

Снимката е направена во 1:18 по полноќ, само неколку минути пред да се сруши зградата.

Во меѓувреме бројот на жртвите од уривањето на зградата се искачи на 18, а над 140 лица сè уште се водат како исчезнати.

Официјалните лица ветија дека ќе спроведат повеќе независни истраги за уривањето на зградата. Медиумите веќе пренесоа дека градежен експерт, уште пред три години предупредил дека има докази за големи структурни оштетувања на бетонската плоча под базенот и пукнатини во подземната гаража на зградата во Сурсфајд.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка