Новиот сингл на Љубојна е насловен „Љубов по Татунчо“, од музиката за македонскиот игран филм „Стела“ чија што премиера се очекува наскоро.
Композитор е Оливер Јосифовски, а текстот е на Вера Јосифовска. Спотот за новиот сингл е снимен во продукција на Dream Factory Macedonia и TulipPro, а музиката во Студио Подрумот. Ова е истовремено и најава за новиот албум на Љубојна со целосната музика од филмот „Стела“.