Утрински Весник
Македонија

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски поради злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 30.11.2018 година во својство на претседател на Врховниот суд, обвинетиот донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 % од основната плата, кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост.

Притоа, свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа. Обвинетиот постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите донесен од Судскиот совеа, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Невреме и поплави вечерва во Тетово

Митева: Состојбата во односите со Бугарија е последица на погрешните политики на СДС 

Лукаревска: Нема никаков бенефит од задолжувањето од Унгарија, СДСМ покачуваше плати и пензии во време на кризи