Утрински Весник
Свет

(Видео) Ново видео од Бајден, не може да ја облече јакната

Американскиот претседател Џо Бајден се обидел да се справи со новонастанатата ситуација која настанала откако излегол од хеликоптерот, но не успеал подолго време да ја облече јакната а првата дама морала да му пријде на помош, е објавено на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

По неколку неуспешни обиди да ја облече јакната која постојано му се измолкнувала, сопругата му помогнала, но само неколку моменти подоцна се случила уште една лоша среќа и му испаднале очилата за сонце.

Клипот беше објавен на Твитер со коментар „Бајден не може ни јакна да облече. Ова е само тажно. И станува се потажно“.

Многу луѓе го коментираа видеото како уште една негова несреќа што го „прослави“, но многумина го бранат велејќи да го остават на мира бидејќи неодамна имал Ковид-19.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија