Утрински Весник
Свет

(Видео) Новата британска министерка за образование им покажа среден прст на демонстрантите

Пред да биде именувана за нова министерка за образование на Велика Британија во четвртокот, Андреа Џенкинс им покажа среден прст на демонстрантите собрани пред канцеларијата на премиерот во лондонската Даунинг стрит.

dobivaj vesti na viber

Џенкинс беше назначена за министер непосредно пред Борис Џонсон да објави дека се повлекува од функцијата лидер на Конзервативната партија.

Таа е конзервативна политичарка која дојде во канцеларијата на Џонсон да го поддржи пред тој да ја објави својата оставка.

Снимката предизвика бес кај критичарите на Џонсон во Британија.

Можете да прочитате

Украина изврши нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“ во Русија, има повредени

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели