Утрински Весник
Македонија

(Видео) Николовска: Со новиот Статут ВМРО-ДПМНЕ станува најдемократска партија во регионот

(Видео) Николовска: Со новиот Статут ВМРО-ДПМНЕ станува најдемократска партија во регионот

ВМРО-ДПМНЕ е најпрогресивната и најдемократската политичка партија во Македонија, рече на прес-конференција, претставничката на оваа партија Ружица Николовска.

„Новите измени во партискиот Статут се револуционерни во насока на поголема демократија во водењето на партијата, повеќе право на одлучување на комитетите и членовите во водењето на политика. ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за непосреден избор на претседател и раководство на Општинските Комитети директно од членството, понатаму демократски избор на идни државни функционери, кандидати за градоначалници.
Во насока на прогресивност и демократизација, се воведуваат нови органи и тела партијата, Унија на ветерани, како и форум на интелектуалци, а се ограничува и правото на реизбор на претседател на партијата и на други функционери“, објасни Николовска додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е народна, државотворна, демократска партија со конзервативна идеологија, која што ги застапува и штити македонските национални интереси и негува европски демохристијански традиции.

Таа истакна дека во статутот се потенцира важноста на рамномерната застапеност на жените и мажите во рамки на органите и телата на партијата, како и застапеноста на младите во внатрепартиските структури.

„Се ограничува мандатот на Претседателот на партијата, Претседателите на Општинските Комитети, како и на претседателите и членовите на сите органи и тела кои се бираат на Конгрес, во новиот Статут им го ограничува нивниот мандат на 4 години, при што максимум на истата функција, еден од овие функционери може да се задржи најмногу три мандати и тоа под услов да третиот мандат е избран од страна на партиските органи и тела со 2/3 мнозинство“, појасни Николовска нагласувајќи дека со новиот Статут, мандатот на сите останати партиски функционери во сите органи и тела на партијата се ограничува на 2 години.

Новиот Статут на партијата исто така не предвидува почесни членови и почесни претседатели на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив