Утрински Весник
Свет

(Видео) Некогаш најтензично место, а сега војниците го користат како подиум за забава

(Видео) Некогаш најтензично место, а сега војниците го користат како подиум за забава

На границата меѓу Израел и Египет, на местото на борбите, сега владее порелаксирана атмосфера. Војниците на границата го користеа за танцување.

Се појави видео на Твитер, на кое може да се види како жените кои служат војска на границата меѓу Израел и Египет се забавуваат и танцуваат на музика.

Синај долго време беше сцена на конфликт и смрт на израелските и египетските граничари. Некогаш беше популарна дестинација за Израелците, но од падот на египетскиот претседател Хосни Мубарак во 2011 година по 30 години владеење, ситуацијата таму е неизвесна.

Од Израерл тврдат дека таму инфилтрирале оперативци од Ал-Каеда. Во неколку наврати, Израел ги повика граѓаните да ја напуштат областа.

Патем, воената служба е задолжителна за жените во Израел, што исто така го зголеми бројот на жени на граничните премини.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина