Утрински Весник
Свет

(Видео) Неверојатни сцени од поплавите во Верона, луѓе се пробиваа низ метар и пол вода

(Видео) Неверојатни сцени од поплавите во Верона, луѓе се пробиваа низ метар и пол вода

Синоќа големо невреме ја погоди Верона. Снимките објавени во италијанските медиуми и на социјалните мрежи прикажуваат град и поплавени улици.

Според „Repubblica“, водата во некои улици надминала метар и половина, најмалку 500 дрвја паднале, а пожарникарите примиле стотици повици.

„Чудо е што никој не е повреден“, велат од службите за итни интервенции.

Невремето ја погоди и Виченца, а претседателот на регионот Венето, Лука Заја, воведе кризна состојба за Верона и другите заедници.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ дипломатија нападната – делегацијата во Киев сериозно оштетена по ракетен напад

Петто тело е пронајдено во реката Сена во текот на август – француската полиција се сомнева дека се работи за жртви на сериски убиец

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)