Утрински Весник
Свет

(Видео) Најмалку 24 лица загинаа во лизгање на земјиште во Еквадор, 12 се водат за исчезнати

(Видео) Најмалку 24 лица загинаа во лизгање на земјиште во Еквадор, 12 се водат за исчезнати

Најмалку 24 лица загинаа во огромен одрон во Кито, главниот град на Еквадор. Повредени се 48 лица, а 12 се водат како исчезнати.

Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во близина на работничките населби во Кито во понеделникот вечерта, објави „Ројтерс“.

Кал и камења паѓале низ падините на вулканот Пичинча над градот и однеле осум куќи, детско игралиште и паркирани автомобили.

Метеоролозите соопштија дека количината на дожд е речиси 40 пати поголема од прогнозата, а градоначалникот Гвардерас изјави дека толкава количина на врнежи во градот не е забележана од 2003 година.

Локалните служби за вонредни состојби објавија драматично видео на кое се гледаат последиците од поплавата, а властите не ја исклучуваат можноста за појава на нови одрони.

Можете да прочитате

Галант: Повикот на обвинителот на МКС е срамен обид да се негира правото на Израел на самоодбрана

Невреме со грмотевици во Германија, десетмина повредени во удар на гром, четворица во тешка состојба

Најмалку седум Палестинци загинаа, а девет се ранети во израелски напад во Џенин