Утрински Весник
Свет

(Видео) Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени во рускиот напад на зградата на регионалната влада во Миколаев

(Видео) Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени во рускиот напад на зградата на регионалната влада во Миколаев

Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени денеска кога ракета ја погоди зградата на регионалната администрација во јужниот пристанишен град Миколаев во Украина, соопштија украинските служби за итни случаи.

Според нив, спасувачите извлекле 18 повредени од урнатините и продолжуваат да работат на лице место, пренесува Ројтерс.

– Руска ракета денеска ја погоди зградата на регионалната управа во јужниот украински пристанишен град Николаев, при што под урнатините заробени се 11 лица – изјави локалниот гувернер Виталиј Ким.

Ројтерс објави фотографија на која се гледа голема дупка на едната страна од зградата, додека очевидци на настанот велат дека виделе возила на брза помош и противпожарни возила како се упатуваат на местото на настанот.

– Уништија половина зграда. Повеќето луѓе за чудо избегале. Осум цивили сега се под урнатините и се надеваме дека ќе бидат извлечени – рече Ким, додавајќи дека се заробени и тројца воени лица.

https://www.youtube.com/watch?v=fn_5qzHTBeg

На Твитер беше објавено и видео на кое се гледа како проектил паѓа врз зграда во Миколаев, по што се крева густ чад.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка