Утрински Весник
Свет

(Видео) Најмалку осум деца и учител убиени во пукање во Русија

(Видео) Најмалку осум деца и учител убиени во пукање во Русија

Според првичните информации од руските медиуми, шест деца и наставник биле убиени во пукање во рускиот град Казањ.

Но, бројката на пријавени жртви во меѓувреме се зголеми, па така според агенцијата „Франс прес“ убиени се најмалку 9 лица, од кои 8 ученици и еден наставник.

Евакуацијата на децата од училиштето е во тек.

Претходно беше објавено дека непознати лица отвориле оган во близина на образовната институција, а подоцна се слушнала и експлозија.

Се наведува дека пукањето го извршил тинејџер, кој веќе е приведен од страна на полицијата.

Можете да прочитате

Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан

Израел планира мобилизација на 100.000 резервисти за офанзива во Газа

Тројца загинати во пожарите во Шпанија, масовни евакуации низ земјата