Утрински Весник
Спорт

Официјално: Флик ја презема Германија по ЕУРО 2020

Официјално: Флик ја презема Германија по ЕУРО 2020

Се уште актуелниот тренер на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, го официјализира договорот со Фудбалскиот сојуз на Германија. Флик, по завршувањето на ЕУРО 2020 ќе го наследи на селекторската функција Јоаким Лев. Двете страни потпишале договор до 2024 година, односно ќе ја предводи Германија во квалификациите за пласман на СП во Катар 2022 и ЕУРО 2024.

Ханс-Дитер Флик, во ноември 2019 година стана тренер на Баерн. За нецели две години со Баварците ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал. Особено импресивен беше начинот на кој тимот со Флик на чело, ја освои Лигата на шампионите.

Оваа сезона, чести беа несогласувањата со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, поради што реши да го напушти Баерн.

Флик има искуство во репрезентацијата, тој долги години му беше помошник на Лев. Има златен медал од Светското првенство во Бразил во 2016 година.

> Официјално: Флик ја презема Германија по ЕУРО 2020 <

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката