Утрински Весник
Свет

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските медиуми, полицијата насилно ги загушувала протестите, кои во големите градови избија поради изборите на кои, по првичните резултати, долгогодишниот претседател Александар Лукашенко освои шести по ред претседателски мандат.

За време на судирите, полициски камион прегази демонстрант.

https://www.youtube.com/watch?v=Y7zWWh69u0c

Во Минск се приведени повеќе од 50 луѓе, а над 120 во целата држава, соопшти организацијата за човекови права „Виасна“.

Некои приврзаници на белоруската опозициска кандидатка Светлана Тијановскаја, денеска во раните утрински часови, во Минск неофицијално прославија победа на изборите.

Тијановскаја одби да го прифати поразот, бидејќи, државните мнедиуми пренесоа дека Лукашенко добил повеќе од три четвртини гласови, но според неофицијалните анкети таа води.

Таа повика на мир и ги замоли безбедносните сили да се воздржат од насилство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж