Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Струјата поскапува поради предизборните партиски вработувања

(Видео) Мицкоски: Струјата поскапува поради предизборните партиски вработувања
Ss2

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја обвини власта дека поаскапувањето на струјата е поради водење недомаќински политики и предизборен поткуп на гласачи. Како една од причините, Мицкоски ја наведе високата маржа на универзалниот снабдувач на сметка на ниската цена на компанијата која што е во државна сопственост и индиректно ги оштетува граѓаните.

„Втората е поради големите и масовни партиски вработувања пред изборите со што се зголемија драматично цените за вработените во компаниите кои што се во државна сопственост како што се МЕПСО, МЕМО, поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ и третата суштинска работа е пред изборите во насока на поткуп на гласови само во поранешно ЕЛЕМ сегашно ЕСМ беа исплатени под превезот на К15, тринаесетта плата, репер за годишен одмор по 26.000 денари по вработен. Сето ова недомаќинско работење, сите овие погрешни политики предизборно, денеска ќе ги чинат граѓаните повисока сметка за 7,4 отсто“, вели Мицкоски.

300x250 (7)

Тој смета дека власта доколку сака може да го спречи покачувањето на цената на електричната енергија. Мицкоски вели дека новата цена на електричната енергија е грабеж на граѓаните кои сега ќе бидат втурнати во уште поголема сиромаштија. Според него, ваквиот чекор власта го планирала од порано.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)