Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Православните верници да се обединат околу Архиепископот Стефан и Синодот

Ss2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната посета во скопската општина Аеродром даде свое мислење за односите помеѓу МПЦ и СПЦ.

Тој истакна дека Архиепископот Стефан ја има неговата недвосмислена поддршка за секој чекор што го презема, исто како и останатите владици во Синодот.

300x250 (7)

„Сигурно и Архиепископот Стефан и владиците во Синодот знаат што е најдобро за македонскиот народ и православните верници и затоа повикувам на единство. Ја користам оваа прилика и да ја поздравам и одлуката на Вселенскиот Патријарх, кога практично се тргна и шизмата, кога МПЦ-ОА влезе во канонско единство со што јасно се покажува нашата разлика од останатите Балкански православни народи и јасно се става до знаење дека тоа е она кое што е вистинската патека и очекувам набргу, во периодот што следи и формално да се добие томосот и конечно да се добие автокефалност“, рече лидерот на опозициската партија.

Тој упати порака до сите православни верници да се обединат околу МПЦ-ОА.

„Јас сум свесен, како многу пати во минатото и вековите наназад дека ќе имаме луѓе кои ќе сакаат да направат поделба, кои ќе шират скептицизам, недоверба, свесен сум дека тие луѓе се под жестоко влијание на оние сили на кои што не им одговара македонско единство, кои не им одговара обединување околу Синодот на МПЦ. Ние мораме како народ да се обединиме овој пат, ние мораме да бидеме паметни, не смееме да дозволиме надворешни фактори да нѐ разделуваат“, нагласи Мицкоски.

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово