Утрински Весник
Македонија

(Видео) „Мицкоски крши протоколи додека бара онлајн настава“ – Кузеска повика на одговорност

(Видео) „Мицкоски крши протоколи додека бара онлајн настава“ – Кузеска повика на одговорност

Во време кога повторно има поголем број активни случаи од Ковид 19, кога лекарите и медицинскиот персонал не можат да здивнат поради состојбата со вирусот, Мицкоски си поигрува со здравјето на граѓаните и крши протоколи, обвини на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, по објавата на видео на социјалните мрежи од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се гоштева Мицкоски во кафанска атмосфера, збиено седнат во тесна просторија. Неговата ВМРО-ДПМНЕ наутро бара онлајн настава а тој попладне крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните. Нема ништо искрено во оваа партија, нема чесна намера ниту кон учениците ниту кон родителите ниту кон граѓаните. Тоа е лицемерието, неодговорноста и би додале самобендисаноста на Христијан Мицкоски. Едно зборува, друго прави. На штета на здравјето на луѓето. Ете колку не им тежи зборот. Дали е нормално и етички во верски објект некој да се однесува како да е кафана е едно прашање. Но, кршењето на протоколите за заштита на здравјето на луѓето повлекува одговорност“, рече Кузеска.

Таа ги повика надлежните институции да реагираат на ова, како што кажа, скандалозно однесување на Христијан Мицкоски.

Можете да прочитате

Во тек е јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија