Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски за видеото на Пекер: Целосно расветлување за „Мафија“ ќе има

СДСМ: Мицкоски потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача – да ги одбрани криминалците од ВМРО-ДПМНЕ

Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата “Мафија” се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР, пишува на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага?“, прашува Мицкоски.

Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома, посочува Мицкоски.

Според него целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа, како што ја нарекува, мафијашка влада.

Можете да прочитате

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во домот на судијата Ристов

Претреси кај судија од Апелациониот суд по наредба на Обвинителството

69-годишен маж почина од компликации од грип во Скопје