Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски за вакцините: Сите се мајтапат со нас, власта нека седне да потпишува оставки

(Видео) Мицкоски за вакцините: Сите се мајтапат со нас, власта нека седне да потпишува оставки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на денешната посета на Прилеп даде изјава во врска со доцнењето на првата пратка на вакцини која денес требаше да пристигне од Србија, а беше одложена.

„Брука, како може да го коментирам овој случај. Едноставно со еден збор може да кажеме дека веќе се срамам што сум дел од ова, па макар и опозиција, би рекол политичко мочуриште. Тоа е срам кој на дневна основа ни го приредуваат луѓе од Владата, и тој срам го приредуваат на цела држава, на цел народ“, рече лидерот на опозициската партија.

Според Мицкоски, трагично е и тоа дека не само што сме последни или сме држава во која нема вакцини, туку и ни се потсмеваат.

„Не само што сме последни, туку почнаа веќе и мајтап со нас да си играат сите. Наместо да седнат и да ги потпишат нивните оставки, тие уште ги гледам се обидуваат да наоѓаат оправдувања преку некои ступидни соопштенија кои ги лиферуваат во јавноста и велат недостасувале документи. Им недостасува памет. Тоа е она кое можам да го кажам, ако имаа малку повеќе памет и стратегија и визија тогаш немаше денес ние да бидеме последни и да се срамиме со нивните постапки“, кажа тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ужас во Гостивар, илјаници затруени, ОЈО го проверува водоводот

За 35 години од Република Албанија се иселиле 1,8 милиони повеќе лица отколку што се вратиле

Валдата ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври