Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот за осудените од 27 април

Мицкоски во Штип: Ќе инсистираме текстилните работници посебно да бидат вклучени во шестиот пакет мерки

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот за осудените од 27 април што ќе се одржи на 29 мај, изјави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски додавајќи дека крајна цел е борбата за правда.

Мицкоски во Штип подвлече дека станува збор за луѓе кои што се неправедно осудени и квалификувани како терористи.

„Тоа е срам за судскиот систем, што дозволува еве и до ден денеска се’ уште тие луѓе да не можат да користат правен лек, односно да можат да ја обжалат пресудата на второстепениот Апелационен суд, и до Врховниот и до ЕСЧП, односно Европскиот суд за човекови права“, рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека партијата не е организатор на протестот, но ја изразува својата поддршка, бидејќи секој треба да има можност да ја докаже својата невиност за тоа што е осуден.

Тој потсети дека дел од обвинетите признале вина пред судот за прекршување на законот, но се изјасниле дека не се терористи за да одговараат за тоа кривично дело.

Можете да прочитате

Денеска ново рочиште за случајот ,,Државна лотарија”

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници