Утрински Весник
Култура

(Видео) Министерски состанок на Агендата на Западен Балкан за образование, обука, истражување и иновации

(Видео) Министерски состанок на Агендата на Западен Балкан за образование, обука, истражување и иновации

Денеска се одржа Министерски состанок на Агендата на Западен Балкан за образование, обука, истражување и иновации, кој ги обедини клучните засегнати страни од Европската Унија и од регионот на Западен Балкан. За време на состанокот, кој се одржа онлајн, министрите одговорни за иновации, истражување, образование и култура од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и од Србија разговараа и ги изнесоа своите ставови за Агендата на Западен Балкан на одделни тематски тркалезни маси.

За време на состанокот, Марија Габриел, европски комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади, ја претстави својата визија и новиот наратив за Западен Балкан: „Агендата на Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт“, сеопфатна, долгорочна стратегија за соработка меѓу Европската Унија и Западен Балкан.

На состанокот, кој се одржуваше на високо министерско ниво, учествуваше и министерката за култура Ирена Стефоска, која во своето излагање потсети на културните вредности, потенцирајќи ги трите приоритети на нејзиниот мандат: европските интеграции, културното наследство и младите.

„Би сакале овие приоритети да бидат повидливи во Агендата за култура на Западен Балкан“, рече Стефоска.

Министрите, на денешниот состанок ја вклучија културата во Агендата – Западен Балкан, преку посебна стратешка линија. Покрај ова, на состанокот на високо ниво беше усвоен и повисок буџет за програмата Креативна Европа при Европската Комисија. Во рамките на овие цели, потребно е да се обрне особено внимание на создавањето регионална платформа за културни политики која би вклучувала и заедничка база на податоци. За културното наследство, Стефоска рече дека е неопходно да се поттикнуваат иновативни пристапи и алтернативно користење на културното наследство со цел создавање нови врски и традиции кои ги зближуваат заедниците и го засилуваат чувството на припадност. Во своето излагање пред високите делегати од ЕК и министрите од Западен Балкан, Стефоска ја нагласи потребата од засилена поддршка на мобилноста на културните оператори, особено на младите, и поддршка и развој на креативните индустрии.

На крајот, министерката Стефоска потенцираше дека ни е потребна оваа заедничка Агенда на Западен Балкан за иновации, истражувања, образование, култура, млади и спорт и дека сме одлучни да продолжиме да ја развиваме и да ја прошируваме европската културна арена како суштинско средство за градење на нашата иднина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“