Утрински Весник
Македонија

(Видео) Милошоски: Спасовски призна дека постојат двојни матични броеви, а тој не презел ништо

(Видео) Милошоски: Спасовски призна дека постојат двојни матични броеви, а тој не презел ништо
Img 5587

Според нашите информации доставени од свиркач основано се сомневаме дека постојат личности, државјани на Македонија со двојни матични броеви од кои што поголемиот дел се фиктивни, а истите може да бидат злоупотребени за економски криминал, за двојно гласање и друг вид на злоупотреба спротивна на закон, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„ Аналогно на ова значи МВР на Спасовски не само што издавала пасоши на меѓународни нарко босови, туку се сомневаме дека околу 20 илјади граѓани во државата имаат фиктивни, или дупли матични броеви. Едно лице има еден матичен број, со одредена адреса на живеење. И сега ист таков матичен број се појавува и кај друго лице, со ист датум на раѓање, ист ден, месец и година, со разлика во последните 3 бројки, но со различна адреса од првата на истото лице. Ова значи дека 20.000 наши сограѓани имаат можност да гласаат по два пати. Таков е случајот со извесен:

300x250 (7)

Исамет Метушевски од Никиштане кој што поседува два матична броја. Таков е случајот со Нехат Шаиповски роден во Чифлик, и втор матичен број овој пат на име Боја Богдановски во Шуто Оризари. Третиот случај е Џеладин Адемовски кој според тој матичен број е роден во Чифлик и скоро идентичен матичен број под име Џадин Адемовски со адреса во Чаир.

Вчера министерот Спасовски призна дека имало луѓе со двојни матични броеви и тоа укажува дека Спасовски е свесен за оваа афера наречена “Мафија 2”“ изјави Милошоски.

Тој додаде дека Спасовски кажал дека ова било проблем уште од 1981 година, но како што рече, тоа не е така бидејќи името на Џадин Адемовски од Чаир е идентитетот на Седат Пекер кој извади лична карта во јануари оваа година.

„ Ова потврдува за што служеле овие двојни матични броеви но, исто така потврдува дека аферата “Мафија 2” како и претходната “Мафија 1” се случува во времето на Спасовски и истиот бил известен и свесен за овие скандали. Се сомневаме дека овие матични броеви биле злоупотребувани за перење на пари, за подигнување на кредити, за нивно злоупотребување, за фиктивно двојно гласање и за други незаконити дејствија во полза на гарнитурата од МВР која што им овозможувала двојни броеви и заштита“ посочи Милошоски.

Сите овие лица, според Милошоски, со двојни матични броеви гласале на избори.

„ Сите овие 20 илјади лица ги има во избирачкиот список што значи дека ова е злоупотреба и на избирачката волја и потиснување на правото на еднаквост кај другите граѓани кои што гласаат само еднаш за разлика од овие 20 илјади кои што најверојатно гласале по два пати“ рече тој.

Спасовски и Заев биле мрежа и логистика на ваквите незаконски дејанија и затоа треба да си поднесат оставка, а министерот Спасовски испаѓа дека не се борел против мафијата туку станал нејзин најдобар другар, порача Милошоски.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, грантови за млади и зголемени плати во здравството

Владата потврди: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Битиќи: Сценариото во кое ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си ги билдаат рејтинзите не нуди ништо на граѓаните