Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Милошоски: Заев, Филипче и Димитров се изворот на сите кризи во државата

(Видео) Милошоски: Заев, Филипче и Димитров се изворот на сите кризи во државата

 

Економската ситуација, надворешно политичката ситуација, блокадата од ЕУ и здравствената криза, сите три кризи имаат име и презиме, а тоа се Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров, истакна денеска Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сетаме дека проектот наречен Зоран, Венко и Никола треба да си поднесе оставка. Во државата имаме најтешка ситуација од независноста до денес, и за граѓаните, и за здравствениот сектор, и за економскиот сектор, но за жал и за евро-перспективата. Сметам дека со нивната оставка ние ќе можеме како држава да создадеме можност да формираме Влада на експерти која што ќе може подобро да се носи и во здравството, и во економијата, и во евро интеграциите“, посочи Милошоски.

Додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ смета оти блокадата од Бугарија е неоправдана, но дека тоа како инструмент го овозможил премиерот Заев со потпишување на Договорот за добрососедство во август 2017 година.

Во врска со ставот за експертска влада, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека постои позитивен сигнал од две политички партии коишто се надвор од нивната коалиција, а тоа се Алијансата на Албанците и партијата Алтернатива.
„Гледаме дека го делат мислењето дека на државата во ваква кризна економска надворешна политичка и здравствена ситуација повеќе би им помогнала експертска влада отколку Влада која што има изгубено доверба“, посочи тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт