Утрински Весник
Свет

Јужна Австралија во строга блокада поради лагите на еден човек

Јужна Австралија во строга блокада поради лагите на еден човек
Ss2

Властите во Јужна Австралија одлучија да ја отстранат шестдневната блокада откако се покажа дека заразениот со коронавирус, поради кој е воведено целосно затворање, ги излажал властите.

Пред два дена Јужна Австралија го ограничи движењето на граѓаните и работењето на економските субјекти од страв дека има масовна зараза во една пицерија од страна на „супер-пренесувач“.

Ss1

Сепак, се покажа дека човекот, кој се заразил со коронавирус, дал лажна изјава за неговите контакти.

Според медиумите, тој изјавил дека некогаш бил во позната пицерија каде што избувнала инфекција, а се покажало дека неколку пати престојувал таму како работник.

Откако се откриени повеќе од 20 заразени лица, властите веруваа дека човекот кој наводно еднаш бил во пицерија е „супер предавател“ и веднаш наредиле блокада, со цел да се спречи масовното ширење на вирусот. Истрагата подоцна утврдила дека човекот работел во таа пицерија и дека со денови одел на работа заразен.

„На крајот, приказните не се совпаѓаа и беше откриено дека човекот лажел. Од сабота мерките ќе бидат релаксирани“, најавуваат надлежните.

Граѓаните беа бесни кога дознаа за овој пропуст од властите и се прашуваат како е можно изјавата на еден човек да доведе до целосна блокада на регионот.

„Зошто властите не ја проверија неговата изјава пред да одлучат да нè заклучат сите нас“, коментираа луѓето на социјалните мрежи

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање