Утрински Весник
Свет

(видео) Марин Ле Пен сподели видео од престрелка во Монпелје, го спореди со Багдад

(видео) Марин Ле Пен сподели видео од престрелка во Монпелје, го спореди со Багдад

Лидерката на францускиот популистички Национален митинг (РН), Марин Ле Пен, ги спореди сцените во мултикултурниот град Монпелје со Багдад откако  спротивставени банди во неделата среде бел ден размениле оган, пренесува Франс Прес.

Снимките што ги сподели Ле Пен на социјалните мрежи беа потврдени како автентични од локалната полиција која откри дека најмалку едно лице е повредено во престрелката. Се чини дека нема повредени меѓу случајните минувачи бидејќи градските улици се главно празни поради ограничувањата поврзани со пандемијата на Ковид-19.

Престрелките започначе околу 13 часот во неделата, кога приближно десетина мажи со качулки почнале да пукаат едни кон други пред кулата Тур д’Асас во населбата Мосон во градот, изјави полицискиот комесар.

Реагирајќи на пукањето, Ле Пен рече: „Овие воени сцени не се случуваат во Багдад, туку во Монпелје. Безбедносната состојба ќе остане надвор од контрола сè додека владата не ги разоружа предградијата и не ја прекине трговијата со луѓе “.

Таа додаде дека времето за груби зборови помина и дека владата мора да преземе нешто.

Пукањето се случи само еден ден откако беше убиен грчки православен свештеник во Лион, и нешто повеќе од една недела откако градското собрание во Монпелје проектираше слика на карикатурата на „Шарли ебдо“  од исламскиот пророк Мухамед.

Во моментов не се верува дека последното пукање било поврзано со радикален исламски терор.

Насилствата на бандите се во пораст во Франција, придонесувајќи за драматично зголемување на убиствата и обидите за убиства во земјата. Во последните десет години до септември минатата година, убиствата и обидите за убиства се зголемија за неверојатни 79 отсто.

Фредерик Лагаш од полицискиот синдикат „Алијанс полис насионал“ во тоа време рече: „Насилството се шири. Полицијата веќе не е страшна. Денес за ништо, за обиечн поглед, се прибегнува кон насилство. Извлекувањето пиштол стана вообичаено “.

Монпелје беше жариште на насилството меѓу бандите. Во април, полицијата уапси тројца мажи откако две ривалски банди се судрија во градот со мачети. Инспекторите соопштија дека борбата избила околу територијалните спорови околу продажбата на шверцувани цигари и хашиш.

Во јуни, во градот Дижон, десетици чеченски гангстери ја нападнаа северноафриканската заедница, ооружени со ножеви, железни шипки и со огнено оружје, во очигледен напад за одмазда за наводен напад врз млад Чеченец. Најмалку шест лица беа повредени во нападот.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење