Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Видео) Максим Димитриевски почна со одмазда во Општина Куманово, тврди пратеник на СДСМ

(Видео) Максим Димитриевски почна со одмазда во Општина Куманово, тврди пратеник на СДСМ
Img 7972

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски се одмаздува кон своите политички неистомисленици, обвини пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Како што истакна, повеќе од 20 вработени лица во Општина Куманово, овие денови биле распределени на пониски позиции или преместени да работат на други локации.

Причината за преместувањата и деградирањата, вели Костовски, е тоа што овие луѓе се истакнати активисти и членови на СДСМ.

„Ова е класичен политички реваншизам и самоволие на градоначалникот Димитриевски, постапка која потсетува на едни режимски времиња. Со ваквите постапки се покажа недемократското и неодговорно лице на Максим Димитриевски кој решил заради лични каприци, да се пресметува и казнува луѓе кои со години и децении работат во општината. Јасно ни е дека Димитриевски ќе продолжи со притисоците, но и нему треба да му биде јасно дека со ваквиот однос нема да исплаши никого. Кумановци и кумановки не попуштаат пред притисоци и закани, а Куманово е бастиниот на СДСМ и социјадемократијата“, рече Костовски.

Во име на СДСМ, тој апелираше до секој кој е под притисок на Димитриевски, истото да го пријави, и рече дека партијата ќе стори се’ за да го заштити секој поединец кој се соочува со закани, со притисоци и уцени од страна на градоначалникот.

Можете да прочитате

Најстудено утрово во Лазарополе – 24info.mk

Виктор Спасески победник на „Поетски слем Македонија“

ОЈО Скопје поведе постапка за криумчарење луксузни автомобили во државава