Утрински Весник
Македонија

(Видео) Макрадули: Повеќе дигитални услуги, подобрување на ефикасноста на доставата и зголемено работно време

(Видео) Макрадули: Праќајте честитки и подароци преку пошта, да ја вратиме убавата традиција

Изминативе триесет дена откако „Пошта на Северна Македонија“ целосно се отвори кон медиумите и е постојано присутна на социјалните мрежи, пристигнаа повеќе од 1.000 коментари од страна на граѓаните. Ме радува што две третини се коментари кои ни даваат поддршка и ја гледаат разликата во новата работа, а потврда за тоа е и зголемениот број на испорачани пакети во Скопје во текот на декември 2020 година, рече генералниот директор на Пошта, Јани Макрадули.

Тој истакна дека секој со својот личен ангажман и вршење на зададените работни задачи мора да придонесе да се врати Пошта таму кај што припаѓа – меѓу граѓаните.

„Ја враќаме Пошта кон граѓаните бидејќи токму тие ни даваат плата бидејќи избираат да ги користат нашите услуги. Затоа мора да бидеме отворени и одговорни, но и да слушаме и исполнуваме. Сакам да нагласам дека особено ги слушаме критиките. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека, за жал, има пратки што доцнат, пратки што не се испорачуваат, граѓаните се соочуваат со нељубезен однос и непочитување на работното време од дел од вработените!“, потенцираше Макрадули.

Затоа, посочи тој, во Пошта секој треба да биде подготвен за пофалби, но првенствено да преземе конкретни решенија за овие критики, почнувајќи од него како Генерален директор, членовите на Управниот одбор, па сè до пошторазнесувачот или шалтерскиот работник.

Макрадули ги наброја и новитетите кои се предвидуваат да се воведат оваа година.

„ Во 2021 година сакаме да одговориме на предизвиците и барањата на граѓаните преку повеќе дигитални услуги, подобрување на ефикасноста на доставата, зголемување на работното време и начинот на кој ќе бидат отворени шалтерите во Пошта, како и преку брзо започнување со електронска трговија кое е наша голема обврска кон граѓаните, особено во време на Ковид-19“, истакна тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките