Утрински Весник
Магазин

(Видео) Луцифер се враќа за сезоната 6

(Видео) Луцифер се враќа за сезоната 6

Сагата за Луцифер е речиси исто толку епска како и библиските приказни што ја инспирираат.

Фановите стравуваа дека крајот беше предвреме близу во неколку наврати, но „Нетфликс“ конечно потврди дека серијата ќе има шеста и последна сезона.

Веста дојде преку официјална објава на Твитер, придружена со броевите „666“ и следнава најава: „Ѓаволот не натера да го сториме тоа. Луцифер ќе се врати за шеста и последна сезона. Како, крајно финале.“

Завршната сезона ќе има 10 епизоди, а ќе почне да се емитува на 10 септември.

Главниот фокус на серијата е Луцифер Морнингстар, ѓаволот, кој е несреќен и уморен од тоа да биде господар на пеколот. Го напушта престолот и го менува своето кралство со Лос Анџелес, каде води свој ноќен клуб „Лукс“. Тој е повикан да работи како консултант за полицијата на Лос Анџелес.

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак