Утрински Весник
Магазин

(Видео) Критичарите разочарани од „Tор: Љубов и молња“

Ss2

Според првичните рецензии, новото продолжение на „Тор“ потфрли во споредба со другите филмови на „Марвел“ и моментално е рангиран како еден од најлошите на ова студио.

dobivaj vesti na viber

Новиот филм за суперхерои „Тор: Љубов и молња“ (Thor: Love And Thunder) доби неповолни критики, станувајќи еден од најлошо оценетите филмови во филмскиот универзум на „Марвел“.

300x250 (7)

Режисер на продолжението е Таика Ваитити, а главните улоги ги толкуваат Натали Портман, Кристијан Бејл и Крис Хемсворт.

Моменталниот рејтинг според „Ротен томатос“, веб-страница агрегатор на рецензии (позитивни и негативни)  е 71 процент, врз основа на 154 рецензии од филмски критичари кои присуствуваа на раните проекции на филмот. Оваа оценка го става филмот веднаш над „Неверојатниот Хулк“, кој има рејтинг од 67 проценти и „Тор: Мрачниот свет“, кој има оценка од 66 проценти. „Вечните“ останува Марвелов филм со најниска оцена од 47 проценти.

Дејвид Фиар остро го критикуваше филмот во својата рецензија за списанието „Ролинг стоун“.

„Колизијата на спротиставени тонови, подзаплети, концептуални и големи промени како и хаос маскиран со патетика е нов додаток во аголот на Асгардските богови и чудовишта во филмскиот универзум на Марвел и е вистински хаос“, напиша тој.

Thor: Love and Thunder е измама. Ликовите се развиваат на најсложени начини. Нивниот статус на крајот на филмот не е ништо поинтригантен од самиот почеток. Најлошото нешто што може да му се случи на филмот е тоа што е неконзистентен,“ се наведува во рецензијата на порталот „Полигон“.

Филмот беше премиерно прикажан во Холивуд на 23 јуни, а во средата пристигна во кината во Австралија и Јужна Кореја. Од денес ќе се прикажува во Велика Британија, Ирска, Мексико и Нов Зеланд, а потоа и во остатокот од светот.

Ss1

Можете да прочитате

Јаделе бифтеци, двојни десерти, испиле 15 шишиња вино и избегале без да ја платат сметката од 380 евра

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации