Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ кочи закони и преку собраниските комисии

(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ кочи закони и преку собраниските комисии

ВМРО-ДПМНЕ освен законите кои се наоѓаат на пленарни седници, ги кочи и законите кои се распределени во комисиите, онаму каде оваа партија има претседатели, тоа покажува дека единствена задача на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е да кочат се што е во интерес на граѓаните, истакна пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, во одговор на новинарски прашања.

„ВМРО-ДПМНЕ апсолутно кочи се во Собранието. Зошто е важно да не се дојде и да се гласа на дневниот ред каде што има точки каде што пак тие барале да бидат на дневен ред, меѓу кои се и двете нивни барања за интерпелации? Тука не се само тие точки на дневен ред, тука се и автентичните толкувања исто така поднесени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и не е само проблем функционирањето само во рамките на пленарните седници. Што правиме во комисиите коишто согласно методологијата ги водат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и како претседатели, но и како заменици на комисиите? Токму таква е Комисијата за финансирање и буџет. Зошто се кочат закони како на пример Законот за заем за модернизација на земјоделието, како тие пратеници од ВМРО-ДПМНЕ коишто доаѓаат од Ресен, Струмица или од тие региони ќе се оправдаат пред граѓаните дека кочат закон каде се предвидува изградба на регионални откупни пунктови коишто се важни за луѓето кои се занимаваат со земјоделие од овие региони“ порача Костадинов.

Костадинов истакна дека сите опозициски партии во Собранието се посветени на блокада на работата на Парламентот, дејствувајќи директно на штета на граѓаните кои ги избрале, повикувајќи ги да се откажат од намерите за деструкција.

„Да, и јас ќе ја искористам оваа прилика, ја искористи и претседателот на Собранието да повикаме на разум затоа што и при креирање на Уставот и на Деловникот, ниту еден пратеник не можел да претпостави дека ќе имаме опозиција таква каква што ја имаме сега која што ќе кочи закони за поддршка на законите, затоа што ова никогаш не се случувало во државава и не би требало да се случува доколку имавме разумна опозиција. Што се случува сега? ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат амандмани за законот за државјанство и за таа цел Алијанса и Алтернатива се договараат да кочат се што е во Собранието важно за граѓаните. Ова не алудира на ништо освен договор помеѓу опозициските партии мислејќи и на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса и Алтернатива за кочење на важните процеси во Собранието, што е срамно, жално и погубно за нив.

Костадинов оцени дека сето ова што опозицијата, а првенствено ВМРО-ДПМНЕ го прават во Собранието ќе се одрази и на следните локални избори.

„И политички, многу е лесно да кажам, дека да, со сигурност тоа ќе се одрази на наредните локални избори, но што правиме сега. Сметам дека редно време е да се издигнеме над партиските интереси, да се ставиме во функција на граѓаните, во функција на оние коишто седиме овде и земаме плата, или нека излезат и нека дадат одговор. Доаѓаат во сала се потпишуваат на листа за присутни и си одат. Сме немале кворум затоа што сме имале позитивни и болни пратеници, имаме и веројатно дека ќе продолжиме да имаме, тоа не можеме да го предвидиме“ порача Костадинов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер