Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: По првите 82 дена од мандатот, Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје

(Видео) Каевски: По првите 82 дена од мандатот, Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје

Изминаа првите 82 дена од мандатот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а таа не реализираше ниту еден свој проект.
Нивелирање на една шахта и поставување на мобилни тоалети е досегашниот учиниок на Арсовска, изјави пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

„ Но затоа Арсовска овие 82 дена ги искористи да ја партизира градската администрација во вработување на 109 партиски кадри, а на директорски позиции во Јавните установи и претпријатија постави докажани партиски функциионери од ВМРО-ДПМНЕ. Еден од нив е и Златко Перински, сегашен директор на Водовод и канализација кој претходно беше шеф на кабинетот на Христијан Мицкоски.

Арсовска не само што не воведе бесплатен јавен превоз, туку воведе нов билет од 120 денари во ЈСП, а претходно го прекина проектот Бас рапид транзит за кој беа обебзедени пари од Европската банка за обнова и развој. Додека скопјани мака мачеа со кризата за топлинска енергија, Арсовска се прогласи за ненадлежна и ги игнорираше проблемите на граѓаните“ истакна Каевски.

Според него, се што направила Арсовска е партизација на Градот, прекинување проекти и изземање од одговорност за своите надлежности.

„ Исто како и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска работи на штета на интересите на градот и граѓаните. По првите 82 дена од мандатот, секому му е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје“ порача Каевски.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено