Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Даниела била управител кога нејзината фирма направила долг за струја од 54.000 евра

(Видео) Каевски: Даниела била управител кога нејзината фирма направила долг за струја од 54.000 евра

Објавуваме уште еден документ кој го потврдува големиот скандал со фирмите на Данела Арсовска кои не плаќале струја со години односно не платиле над 54.000 евра, посочи во денешното обраќање, пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

Тој обвини дека токму во периодот кога бил направен долгот, или како што кажа, кражбата на струја, Арсовска била управител на компанијата „Империал Данела“, а потоа „Империал“.

„Во 2014 година ЕВН констатира кражба на струја во вредност од 54.000 евра! А токму од 2013 година до 2014 година, Арсовска била управител на оваа компанија. Тоа е вистината која ја покажуваат овие документи“, посочи претставникот на СДСМ.

Како што рече Каевски, Арсовска не ниту чесна, ниту пак независна, таа е иста како Груевски чија кандидатка е.

„Ако не плаќала струја, не почитувала договор и направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот. Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ кои 27 години го опустошија Скопје“, обвини тој и ја повика Арсовска да излезе пред граѓаните на Скопје и да каже дали има и други вакви долгови и кон кого.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“