Утрински Весник
Свет

(Видео) Историски момент: Хеликоптерот Ingenuity успешно го изврши својот прв лет на Марс

(Видео) Историски момент: Хеликоптерот Ingenuity успешно го изврши својот прв лет на Марс

НАСА повторно влезе во историјата со првиот успешен лет на хеликоптер на површината на Марс.

Денес минијатурниот хеликоптер на НАСА, Ingenuity, леташе  кратко над површината на Марс. Тоа е прв пат во историјата хеликоптер да лета над површината на друга планета.

За време на пробниот лет, хеликоптер тежок околу 1,8 килограм полета до висина од околу три метри, остана на едно место 30 секунди, а потоа се врати на површината на Марс.

НАСА на „Твитер“ објави фотографија од сенката на хеликоптерот на тлото на Марс (насловна фотографија) снимена од Ingenuity.

Роверот „Персеверанс“ на НАСА, кој го донесе минихеликоптерот на површината на Марс, испрати и фотографија од летот на хеликоптерот снимена од роверот.

„Персеверанс“ пристигна на Марс во февруари и помина 472 милиони километри за 203 дена лет.

Слета во пресушениот кратер Језеро долг 45 километри, а во следните две години треба да го истражи.

Можете да прочитате

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите

Зеленски не дава избори додека трае војната