Утрински Весник
Свет

(Видео) Иран почна збогатување на ураниум до 20 проценти

(Видео) Иран почна збогатување на ураниум до 20 проценти

Иран започна со збогатување на ураниум до 20 проценти во подземен објект, изјави портпаролот на иранската влада.

Државната новинска агенција ИРНА го цитираше Али Рабеи дека претседателот Хасан Рохани ја дал наредбата за тоа производство во нуклеарниот комплекс Фордо.

Збогатувањето на ураниум до 20 проценти е краток технички чекор до ниво на оружје од 90 проценти, според АП.

Одлуката на Иран да започне со збогатување на ураниум до 20 проценти пред десет години речиси доведе до израелски удар врз неговите постројки и предизвика тензии кои се смирија само кога иранскиот нуклеарен договор со големите сили беше склучен во 2015 година.

 

Враќањето на збогатување на ураниум до 20 проценти може да доведе до враќање на тензиите.

Иран започна со поголемо збогатување на ураниум откако американскиот претседател Доналд Трамп еднострано се повлече од иранскиот нуклеарен договор со светските сили во 2018 година. Оттогаш имаше неколку инциденти меѓу двете земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Норовирус се шири на луксузен крузер: Повраќање и дијареја кај над 100 лица

Украински беспилотни летала погодиле објект во Летонија, министерот за одбрана поднесе оставка

Фицо: Зеленски треба да му се јави на Путин