Утрински Весник
Македонија

(ВИДЕО) Иван, кој го преживеа Халкидики, во интервју за грчки медиум: Најлошиот роденденски подарок

Пред точно еден месец скопјанецот Иван (30) заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажата Мити, на Халкидики. Тој за грчката телевизија „СКАИ“ ја раскажа својата приказна за преживувањето и спасувањето.

dobivaj vesti na viber

„Вториот ден кога видов дека сите бараат на погрешни места, тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат“ – вели Иван меѓудругото.

Тој поминал повеќе од 20 часа во море, сам и беспомошен.

„Тоа беше најлошиот роденденски подарок“ – изјави Иван.

Го опиша хоророт, кога струите го носеле кон отворено море.

„Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок. Најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето“ – вели Иван.

„Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување без разлика на нивната улога“, изјавува Иван, сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.

Кратко по исчезнувањето на 9 јули, од морето беше извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по Мартин Јовановски (31) официјално, од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ, прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат по бреговите на Халкидики.

Можете да прочитате

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните

Лукаревска: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди

Пендаровски: Mицкоски бара дополнителни коалициони партнери, затоа што го знае што го чека на 27 април и 8 мај