Утрински Весник
Свет

(Видео) Зеленски му врачи орден за заслуги на Патрон – кучето што намириса над 200 експлозиви од почетокот на војната

Dik 300x250 mk

На церемонија во Киев украинскиот претседател Володимир Зеленски му врачи награда на Патрон, две и полгодишниот џек расел териер. Кучето беше наградено со Орден за заслуги во земјата.

Териерот, чие име на украински значи муниција, намириса руски мини и експлозиви во североисточниот град Чернигов и стана маскота на Државната служба за итни случаи, пренесува „Гардијан“.

Тоа стана национален симбол на отпорот на Украина против Русија и редовно се појавува во видеата на официјалните украински канали на социјалните мрежи.

Кучето, кое е тренирано да бара мини, е заслужно за откривање повеќе од 200 експлозиви од почетокот на војната во Украина.

Зеленски наградата им ја врачи на Патрон и на неговиот сопственик Михаил Илиев на прес-конференција заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој вчера беше во посета на Киев. Додека на Патрон му беше врачена наградата, Трудо се фаќаше во џебовите како да бара нешто за кучето. Зеленски го опиша кучето како прекрасен мал сапер“ или воен инженер.

„Денес, сакам да ги наградам оние украински херои што веќе ја чистат нашата земја од мини. И заедно со нашите херои, постои прекрасен мал сапер – Патрон – кој не само што помага во неутрализирање експлозиви туку и ги учи нашите деца на неопходните безбедносни правила во областите во кои има опасност од мини“, изјави Зеленски по церемонијата.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште