Утрински Весник
Свет

(Видео) Ескалација на немирите на Косово – тешко повреден Србин во Звечан

(Видео) Ескалација на немирите на Косово – тешко повреден Србин во Звечан

Србин е ранет за време на полициската акција во Звечан, пренесуваат српските медиуми. Како што се наведува, тој бил застрелан во грбот и е во многу тешка состојба.

„ Повредата е нанесена од огнено оружје, тој е застрелан во пределот на градите. Неговото рамо и реброто беа повредени, ние се подготвуваме за операциона сала за да го отстраниме куршумот. Тој се наоѓа на интензивна нега и е во сериозна состојба”, рече хирургот Златан Елек, Директор на КБЦ Косовска Митровица.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ на прес -конференција рече дека има десетици повредени Срби во акцијата на косовската полиција.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела