Утрински Весник
Свет

(Видео) Ерупција на подводен вулкан во Пацификот, неколку земји издадоа предупредувања за цунами

(Видео) Ерупција на подводен вулкан во Пацификот, неколку земји издадоа предупредувања за цунами

Во неколку држави е издадено предупредување за цунами по ерупцијата на подморски вулкан во Тихиот Океан.

Меѓу тие држави се Тонга и Нов Зеланд. САД, исто така, издадоа предупредување кое се однесува на Американска Самоа.

Жителите на Тонга пријавиле дека пепел паѓа над главниот град Нукуалофа. На жителите им беше кажано да се преместат во области со поголема надморска височина.

Ова е најнова во серијата ерупции на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хапаи.

„Буквално можеше да се слушне ерупцијата“, објави еден жител на Тонга на „Твитер“.

Можете да прочитате

Багеи: Земјите во регионот повеќе не можат да се потпираат на САД за безбедност како порано

Колумбија прогласи состојба на „национална катастрофа“ по силниот земјотрес

Пезешкијан информира дека разговорот со Моџтаба траел седум часа