Утрински Весник
Свет

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга дошло до силно излевање на нафта

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга дошло до силно излевање на нафта
300x250 (7)

Властите во Перу соопштија дека излевањето на нафта кај брегот на земјата предизвикало „еколошка катастрофа“. Имено, од рафинеријата Ла Пампила протекоа повеќе од 6.000 барели нафта поради брановите кои ја погодија по ерупцијата на вулканот во Тонга.

Властите ги затворија трите најпогодени плажи и рекоа дека виделе многу мртви животни покриени со нафта во областа. Претставници на Министерството за надворешни работи го повикаа Репсол да плати компензација.

300x250 (7)

„Ова е најлошата еколошка катастрофа што се случи околу Лима во последно време и сериозно оштети стотици семејства на рибари. Репсол мора веднаш да ја надомести штетата“, напиша Министерството на Твитер, пренесе Би-би-си.

Портпаролката на компанијата, Тине Ван Ден Вол Бејк, ја негираше одговорноста, велејќи дека излевањето се случило во ограничена област.

„Ние не ја предизвикавме оваа еколошка катастрофа и не можеме да кажеме кој е одговорен“, рече Ван Ден Вол Бејк во средата.

Обвинителите започнаа истрага за улогата на Репсол во инцидентот, а Министерството за животна средина предупреди дека компанијата може да плати казна од повеќе од 34,5 милиони долари.

Перуанскиот енергетски регулатор Осинергмин, пак, соопшти дека наредил затворање на еден од четирите терминали на рафинеријата додека не се утврдат причините за излевањето.

Официјални лица велат дека истекувањето оштетило околу 18.000 квадратни километри заштитени подрачја населени со ретки растителни и животински видови. Се чистат околу три километри плажи.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56