Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Денишенко: Украина тргна во контранапад во одбрана на Киев

(Видео) Денишенко: Украина тргна во контранапад во одбрана на Киев
300x250 opst2

Украинската армија започна контранапад на руските сили со цел да го одбрани главниот град Киев, објави украинскиот јавен сервис „Сусплајн“, цитирајќи го советникот на министерот за внатрешни работи, Вадим Денишенко.

– Ноќта беше доста тешка, но генерално можеме да кажеме дека украинската армија изврши контранапад во близина на Киев – изјави Денишенко.

Тој рече дека украинските сили подредиле пет тенкови.

– Утрото во Киев на западната периферија се слушаа топовски борби. Борбите се водат сега. Засега нема дополнителни детални информации – додаде Денишенко, пренесува Индекс.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот