Утрински Весник
Економија

(Видео) Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Источниот регион со поддршка за оризопроизводителите

(Видео) Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Источниот регион со поддршка за оризопроизводителите
Dik 300x250 mk

По вчерашниот одржан протест од страна на оризопроизводителите на Источниот регион по нивно барање, односно по барање на Иницијативниот одбор на оризопроизводителите одржавме заеднички состанок со сите градоначалници од засегнати подрачја, ги слушнавме нивните барања иако знаеме дека тие работи не се наша надлежност, меѓутоа цениме и сметаме дека нивните проблеми се и наши проблеми, изјави на денешната прес-конференција,Далибор Ангелов, градоначалник на Општина Чешиново Облешево

Тој апелираше уште еднаш владата да најде решени и да престане со своето луксузирање и дека производителите на храна пред прагот на ново производна реколта се засегнати со реални проблеми, а дури има и дилема дали воопшто да се започне со припрема за истата таа нова реколта.

Ангелов додаде дека на скоро секое семејство примарна егзистенцијална дејност е оризопроизводителството и истакна дека ако дојде до тоа намалување или воопшто за прекинување на една традиција која што трае од 60-тите години на минатиот век, би било многу лошо за целиот регион, не само за нивната општина.

Можете да прочитате

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС”: „МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ИМАШЕ СОЛИДНА ОСНОВА И ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ СВОЈОТ РАЗВОЈ”